Soirée: JERMAINE BOWLEY aka JAMMA - СЕКТОР 909

> >

Soirée: JERMAINE BOWLEY aka JAMMA - СЕКТОР 909

31.03.2016 четврток
JERMAINE BOWLEY aka JAMMA
[BASS CLINIQUE - LONDON,UK]
GAME OVER- FLUID Уште од мали години Џермејн е изложен на многу музички влијанија во својот дом. Големата колекција на соул и фанк плочи на неговиот татко, како и рап касетите на неговиот брат ја цементираат неговата љубов кон музиката. Растејќи во 90те со хип хоп звукот го пронаоѓа Jungle / Drum & Bass - стилот на кој му ги посветува наредните две децении.

Првото внимание од публиката го добива со водење радио емисии на лондонските пиратски станици Kool FM, Rude FM и Rude Awakening по кои следуват настапи во клубови и настани како: Brixton Academy, Stratford Rex, Colloseum, Hidden, Bagley’s, Nothing Hill Carnival, Cannabis Carnival, Glastonbury..

Освен како диџеј, Jamma работи и како продуцент и воедно е ко-сопственик на издавачката куќа Bass Clinique. Има работено ремикси на артисти како DJ Ironik и Jasmine Knight како и неколку соло изданија. Освен Drum & Bass во неговите сетови мошне често се слушаат UK Garage / House / Bass звуци со кои го заокружувa целиот подземен звук по кој е познат Лондон.

Задолжени за загревање се Game Over и Fluid, едни од основачите на Drum & Bass звукот во Македонија.

Почетокот е точно на полноќ, влезот е само 100 денари. Се гледаме!